Даглас Коста со три асистенции ја инспирираше победата на Јувентус (Видео)

во категорија Спорт од

Hovedes-Kosta

Јувентус не можеше да направи поголема разлика на теренот против Сампдорија се додека во игра на влезе Даглас Коста, кој пред крајот на полувремето го замени повредениот Миралем Пјаниќ.

Една минута подоцна, Бразилецот му асистираше на Манџукиќ кој на атрактивен начин донесе предност за Јувентус и ја најави победата од 3:0, во која Коста имаше дури три асистенции.
Во продолжение, Коста најпрвин одлично го пронајде Ховедес кој го постигна првиот гол во дресот на клубот од Торино, а за третиот гол асистенцијата на Коста заврши кај Кедира кој рутински ги постави конечните 3:0.

Со оваа победа, Јувентус ја зголеми предноста на табелата на 6 бодови пред второпласираниот Наполи.

Извор:https://derbi.mk/