Гонзалес: Загреб нè натера да го потврдиме квалитетот на терен

во категорија Спорт од

©SEHA/ Stanko Gruden©SEHA/ Stanko Gruden

Четвртата СЕХА титула за Вардар значи и одбранет трофеј од минатата година, а „црвено-црните“ тоа го направија во одличната атмосфера во салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Тренерот Раул Гонзалес мораше да прави одредени промени во играта во текот на средбата откако ППД Загреб играше мотивирано и ја одржуваше неизвесноста, но на крајот Вардар стигна до сигурна победа.

 – Загреб беше добро подготвен за овој натпревар, во првото полувреме играше одлично, добро се справуваа со 5-1. Потоа, ние игравме 6-0, а тие се обидоа со 7-6, во продолжение моравме да ја стегнеме нашата одбрана затоа што Загреб играше подобро.

 – Благодарение на одбраната имавме 3-4 контри и го решивме победникот. Знаевме дека сме фаворити, но сепак треба да се одигра. Мислам дека целата сезона ја одигравме добро, горд сум на она што го направивме, – истакна Гонзалес на прес-конференцијата по натпреварот.

Извор:https://derbi.mk/