Германија: Не смееме да ја демонизираме Русија

во категорија Свет од

Германскиот претседател, Франк- Валтер Штајнмаер предупреди дека не треба да се демонизира Русија.

„Независно од Путин, не смееме Русија во целина, целата земја и нејзините луѓе да ги прогласиме за непријатели. Нашата историја говори против тоа, а премногу фактори се во игра“, изјави Штајнмаер.

Тој упати повик до германските политичари, да не се откажуваат од дипломатските напори.

Штајнмаер изрази загриженост дека воздушните напади на западните сили, за прв пат значајно го зголемиле ризикот од директна конфронтација помеѓу силите на Русија и САД во Сирија.

„Ние сме во нова фаза на ескалација на руско-американските односи“, предупреди Штајнмаер.

Германскиот претседател додаде и дека нападот со нервен агенс врз двослојниот агент, Сергеј Скрипал е загрижувачки, но загрижувачко е и оттуѓувањето помеѓу Русија и Западот, поврзано со овој случај. Тој рече дека практично повеќе не постои основа за доверба.

извор: Makfax

Извор: http://vecer.mk/