Во Турција уапсени 10 странски лица осомничени за поврзаност со ДЕАШ

во категорија Свет од

ЕСКИШЕХИР (АА) – Десет странски лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, вклучувајќи и еден висок претставник, денес се уапсени во централниот дел на Турција, велат полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).

„Полицијата ги изврши овие апсења во турската област Ескишехир, а сите од уапсените лица се државјани на Ирак“, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Извршени се истовремени рации на девет адреси во градот како дел од истрагата покрената од канцеларијата на јавниот обвинител во Ескишехир.

Безбедносните сили се вклучени во долготрајна кампања за расчистување на терористите на ДЕАШ од Турција.

Повеќе од 300 лица ги загубија своите животи во нападите на ДЕАШ во Турција, каде што терористичката организација ги напаѓа цивилите со бомби, ракети и оружје.


Извор:http://aa.com.tr/mk/