Вардар извлече реми против Шкупи, Шкендија убедлива во Битола

во категорија Спорт од

Vardar-Skupi

Дефанзивецот Новак постигна гол буквално во последниот напад на Вардар во дуелот со Шкупи и на тој начин „црвено-црните“ со резултат 1:1, се спасија од пораз на домашен терен во Првата македонска фудбалска лига.

Имери реализираше за Шкупи уште во првото полувреме, а таа предност гостите сепак не успеаја да ја задржат до самиот крај.

Шкендија беше убедлива на гостувањето во Битола каде славеше со 6:0 на дуелот со Пелистер, каде по еден погодок постигнаа Бојку, Фазлагиќ, Бејтулау, Жуниор, Алими и Радески и ја приближа Шкендија уште поблиску до титулата.

Работнички обезбеди важна победа против Скопје, а стрелец на единствениот гол на ова гостување за тимот на Ѓоре Јовановски беше Велинов во 81. минута од средбата. На преостанатите две средби Ренова ја победи Победа со 2:1, додека Силекс и Академија Пандев одиграа без голови.

Табела: Шкендија 69, Вардар 49, Силекс 41, Работнички 35…

Извор:https://derbi.mk/