Бразилецот отворено за конфликтот со соиграчот: Нејмар објасни како го решиле проблемот со Кавани

во категорија Спорт од

neymar-kavani

Бразилскиот ас Нејмар во првата сезона во ПСЖ  не успеа да му донесе европски успех на клубот од Париз, сезона која ќе остане запаметена и по неговата повреда, дуелите со противничките играчи, но и по конфиктот со клупскиот колега Единсон Кавани.

За време на оваа кампања тие имаа недоразбирања околу изведувањето на пенали, слободни удари, па за тоа долго се зборуваше за јавноста. Имаше различни верзии за тоа што се случува во соблекувалната и на теренот, но колку од тоа е вистина откри првата ѕвезда на „светците“

-Имаше многу повеќе галама и зборувања од тоа што беше навистина. Се разбира, имаше одредена напнатост, недоразбирање со Кавани, но тоа брзо го решивме. Три дена откако се случи тоа, седнавме и разговаравме. Ние сме двајца одлични играчи, но исто сме и луѓе и тоа лично го решивме, без да вклучуваме други. Но, извештаите што излегоа беа многу поголеми, мислам дека тоа е она што продава: луѓето претеруваат со приказните, зборуваат за работи за кои не требаат што го одземаат вашете внимание и концетрација, -истакна Неј.

Извор:https://derbi.mk/