Бит Пазар непрооден за пешаци, тротоарите „окупирани“ од возила и диви продавачи

во категорија Македонија од

За да поминете на булеварот „Крсте Мисирков“ пеш, треба да одите среде улица. Како што сум јас во моментов во опасност, така се и сите минувачи секојдневно по булеварот.

Луѓето што се движат во овој дел од градот со години се пробиваат низ блокирани тротоари, од продавачи и возила. За тие со велосипед или со инвалидска количка овде е вистински ризик, понекогаш мора да одат среде улица.

Својата позиција ја бранат и продавачите на диво. Велат дека заработката им е единствен извор за опстанок.

Но сепак овој продавач наскоро ќе треба да замине од тротоарот. Одлуката ја донесоа градските и општински власти.

Општина Чаир ветува дека ќе има решение , компромис за сите. Но слични ветувања за уредување на Бит пазар и неговата околина до сега се слушнати многу пати.

Сара Кајоли

Извор: https://tv21.tv/mk