Амбициозен и гладен за моќ – Кој е новиот шеф на Volkswagen?

во категорија Технологија од

Херберт Дис стигна до позиција на еден од највлијателните луѓе во светската автомобилска индустрија стигна преку Bosch и BMW.

Надзорниот одбор на Volkswagen пред неколку дена го назначи Дис за извршен директор на групацијата.

Дис доаѓа на оваа позиција по заминувањето на Матијас Милер. Иако пред назначувањето на новата функција 59-годишниот Дис беше на чело на брендот Volkswagen, тој не ја започна својата успешна кариера во германскиот автопроизводител.

Роден во Минхен, Херберт Дис прво работел за Bosch. Во оваа компанија дошол кон крајот на 80-тите, а во 1994 година станал директор на една од фабриките на компанијата во Шпанија.

Потоа преминал во BMW, каде, меѓу другото, три години години управувал со погонот во Оксфорд. Бил и директор за набавки, а потоа и шеф на одделението за истражување и развој.

Кога во 2014 година неговиот тогашен најголем ривал во компанијата Харалд Кригер бил назначен за прв човек во BMW, Дис сфатил дека му е скратена шансара за напредок во кариерата во баварскиот автопроизводител и летото 2015 година преминал во групацијата Volkswagen, каде ја добил позицијата шеф на матичниот бренд.

Се покажало дека тајмингот за премин во Volkswagen бил одличен за Дис, со оглед на тоа дека неколку месеци подоцна се ослободи челното место во автомобилскиот гигант со заминувањето на Милер.

Новата позиција е круна на досегашната кариера на Дис кого колегите досега го опишувале како „амбициозен и гладен за моќ“. Тој сега е на челната позиција на една од највлијателните компании во светската автоиндустрија и останува да видиме какви промени ќе воведе во легендарниот Volkswagen.

Извор:https://kajgana.com/