Маестрален гол во македонската трета лига: Од корнер директно во гол (Видео)

во категорија Спорт од

Treta liga Makedonija

И третата македонска лига, знае да изненади со погодок кој сме го гледале на европските натпреварувања. Така и се случи, на натпреварот од локалното дерби помеѓу Илинден и Петровец, кој беше спектакл за месното население.

Натпреварот иако заврши без победник, со реми од 2:2 сепак, моментот кој го одбележа беше директниот удар од корнер знаменцето, кој наликува на голот на Артим Шаќири постигнат против репрезентацијата на Англија во 2002 година.

Всушност и голот од корнер изведен од Влатко Петровски, му донесе реми на Илинден со конечен резултат од 2:2.

Извор:https://derbi.mk/