Дали купувачите плаќаат два пати камата за производ на рати со картичка – Нептун вели работи законски

во категорија Занимливости од

Кои се законски обврски на трговецот за цената и наплатата. Потрошувачите имаат право да ги знаат овие моменти кога купуваат производи кои се ставени на акција, ако имаат посебна програма за попусти или ако се овозможени плаќања на рати, со или без пресметка на камата.

Дали доведувањето на купувачот во
тесно, односно дознавањето дека треба да плати камата на основната цена дури на
каса, пред да го плати производот, не влијела на него да донесе одлука за
купување која не би ја донел во друг случај. Дали купувачот би го
однел на каса производот ако знаел дека ќе треба да плати дополнителна камата
ако го купи на рати со картичка. Трговецот има законска обврска да го информира
купувачот за цената или начинот на кој се пресметува цената.

Од приложената
фотографија се гледа дека на производот е истакната редовната цена, haPPy цената и haPPy цената до 48 рати
за купување со потрошувачки кредит со НЛБ банка. Како што се гледа, каматата со
вкупните трошоци (СВТ) за овој кредит е 16,73 отсто. Никаде не стои камата од 5
отсто или дека таа се наплаќа при купување на 5 рати со картичка. Очигледно е
дека купувачот кога го видел производот на рафот во продавницата не добил
соодветна информација од истакнатите цени за тоа колку треба да плати за него.

Во „Нептун“ објаснуваат дека камата
наплаќаат согласно стекнатата Дозвола за кредитори, односно Дозвола за
одобрување на давање на потрошувачки кредити од Министерството за економија со
број 25-4899/3 од 05.11.2014 година, согласно Законот за заштита на потрошувачи
при договори за потрошувачки кредити. Но, доколку „Нептун“ во овој случај
работел според овој закон, останува нејасно зошто трговското друштво, било да
се јавило во улога на кредитор или на кредитен посредник, на потрошувачот не му
доставило пред договорни информации или да му понуди да склучат договор за
потрошувачки кредит во писмена форма. Исто така, на потрошувачот не му било
презентирано ниту овластувањето на кредитниот посредник од кредиторот.

Како што веќе објавивме, откако потрошувачот побарал износот да го плати со
картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна
камата од 5 отсто. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“
и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

Потоа од Нептун посочија дека откако потрошувачот побарал износот да го плати со
картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна
камата од 5 отсто. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“
и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

Р.Ф.

Извор: https://faktor.mk/