Несторовски: Ако го дадеме максимумот резултатот нема да изостане

во категорија Спорт од

vtora izjava

Македонската сениорска фудбалска репрезентација по одработениот предизвик со Финска (0-0) се подготвува за вториот меч на подготвките во Турција, поточно за натпреварот против Азербејџан.

Тоа е средба која се игра во вторник на „Мардан арена“ во Белек, а нашите репрезентативци се желни со добра, квалитетна игра да ја поправат ефикасноста и остварат позитивен резултат со кој дополнително ќе се крене атмосфертата пред настапот во Лигата на нации.

-Максимално концентрирани ќе влеземе на дуелот со Азербејџан, бидејќи знаеме дека сме поквалитетни од нив и сакаме да го добиеме натпреварот. Ние и против Финска која е квалитетна репрезентација одигравме подобро низ сите 90 минути, но ни фалеше малку среќа за да славиме. Нас не не интересира Азербејџан, дали има четири победи или четири порази, најважно е ние да бидеме сконцетрирани, зошто на овие средби се зависи од нас. Ако го дадеме максимумот, резултатот нема да изостане, -истакна Илија Несторовски.

Извор:https://derbi.mk/