(ВИДЕО) Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром во Градски парк

во категорија Видео вести/Македонија од

Во Градскиот парк во Скопје, пред Школка, заврши Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Дечињата со своите семејства истрачаа низ Градскиот парк и се дружат околу платото на Школка.

Трката е организирана од Мечувалечкиот клуб „Ескрим“ со цел да ја подигне свеста за децата со Даунов синдром и да ги поттикне спортските центри и клубови да им овозможат на децата да се вклучат во спортот и да им обезбедат еднаков пристап до него.

Со ова покрај очигледните придобивки од спортот и здравиот живот, на децата со Даунов синдром ќе им се отворат вратите за социјализација и живот без предрасуди.

Целта на трката е да се запознаеме со бенефитите за децата и да им се дадат поддршката која ја заслужуваат.

ВИДЕО: Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром во Градски парк was last modified: March 25th, 2018 by Ана

Извор:http://a1on.mk/