Кои пратеници од владејачкото мнозинство и од партиите на Албанците не гласаа за законот за јазиците?!

во категорија Македонија од

ратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот за употреба на јазиците.

Според собраниските листинзи од гласањето, за законот не гласале ниту лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ниту пак, Африм Гаши од БЕСА. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи воопшто не беше присутен во Собранието за денешната седница.

За законот, пак гласале независните пратеници Чедомир Саздовски и Амди Бајрам.

Откако првично беа објавени собраниските листинзи, реагираа дел од пратениците. Во преписка преку пораки Африм Гаши од БЕСА за Плусинфо негира дека не го гласал Зконот.

-Повеќе се верува на електроника и компјутери отколку на јавно и јасно искажан став и неколку пати гласано „за“ и пак да се рече дека не сум гласал е повеќе од идиотизам – реагира Гаши.

Од Села нема одговор зошто не гласал.

 

Leave a Reply