Турскиот министер за одбрана: Турција ќе употребува нова домашна муниција

во категорија Свет од

ДОХА (АА) – Министерот за национална одбрана на Турција, Нуретин Џаникли, истакна дека планираат да употребат нова муниција од домашно производство во операцијата „Маслинова гранка“, која се спроведува против терористичките цели во Африн, и додаде: „Ако даде Господ, на почетокот на април ќе ги направиме последните тестирања на некои производи. Ако тестирањата бидат успешни, муницијата ќе биде им биде дадена на Турските вооружени сили (ТВС)“, јавува Anadolu Agency (AA).

Џаникли учествуваше на отворањето на Меѓународниот поморски и одбранбен саем 2018 (DIMDEX) во Националниот конгресен центар, во катарскиот главен град, Доха.

Министерот Џаникли во изјава за АА и ТРТ истакна дека турските одбранбени компании го одбележуваат саемот „Димдекс 2018“, и информираше дека на саемот се присутни 33 турски компании.

„Ова е гордост за нас“, додаде Џаникли, и рече дека и турскиот приватен сектор забележал значаен напредок во областа на одбраната.

„Во операцијата ‘Маслинова гранка’, во голема мера користиме домашни производи, особено муниција“, нагласи Џаникли, истакнувајќи дека турската одбранбена индустрија е во позиција да развие свои технологии од нула, и дека постои сериозна побарувачка за турските одбранбени производи.

„Повеќето од изложените производи се производи што се извезуваат“, додаде тој.

Џаникли рече дека постои голема заинтересираност на меѓународниот пазар за производите од одбранбената индустрија на турските компании.

„Одбранбената индустрија започна да презема значајна улога од аспект на зголемување на националниот приход на Турција“, истакна турскиот министер за национална одбрана, Џаникли.


Извор:http://aa.com.tr/mk/