Тилерсон повеќе не е прв дипломат на САД

во категорија Свет од

Актуелниот директор на Американската разузнувачка служба ЦИА, Мајк Помпео ќе биде нов министер за надворешни работи на САД и ќе го замени Рекс Тилерсон. Ова го објави американскиот претседател Доналд Трамп изненадувачки на социјалната мрежа Твитер. Помпео извонредно ќе ја врши работата, напиша Трамп. Тој истовремено му се заблагодари на Тилерсон. Покрај тоа претседателот за нова директорка на ЦИА ја назначи досегашната заменичка на Помпео, Џина Хаспел. Двете назначувања мора да добијат и потврда во Сенатот на САД,

Висок претставник на американската администрација по објавата на Трамп за промена на местото на прв дипломат на САД истакна дека претседателот сакал да изврши промени во неговиот кабинет пред да ги започне преговорите со голем влог со Северна Кореја. „Претседателот сакаше да осигура да има подготвен нов тим пред претстојните разговори со Северна Кореја“.  Промената на врвната функција во Стејт департментот се случува неколку денови по спектакуларната најава за средба меѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун , чиј термин и детали допрва треба да бидат утврдени.

Повеќе: 

Тилерсон: САД не се непријател на Северна Кореја

Доналд Трамп и Ким Јонг Ун подготвени за средба

Трамп и Путиновиот пријател Тилерсон – САД како компанија

Во изминатата година постојано имаше шпекулации за оставка на Тилерсон. 65-годишниот политичар мораше постојано да го демантира тоа. Инаку во минатото често пати се случуваше Тилерсон да застапува позиции кои се разликуваат од оние на Трамп, меѓу другото и во конфликтот околу севернокорејската атомска програма.Останува нејасно дали Тилерсон си заминува од функцијата под притисок на Трамп или по негово барање. 

Извор: [DW]