Паметните очила на Toshibа се носечки Windows PC (ВИДЕО)

во категорија Технологија од

Идејата, која стои зад Toshiba dynaEdge AR паметните очилa е џебниот компјутер Windows PC да се поврзе со преносен дисплеј и се добие компјутер кој може да се користи насекаде.

Toshiba минатата година го претстави dynaEdge Mobile Mini PC DE-100, кој е мини компјутер со Intel Core M Skylake процесор. Сега компанијата го комбинира со Toshiba AR100 паметните очила, а уредот е наменет за деловните корисници.

Паметните очила имаат 0.26-инчен дисплеј со резолуција од 640 x 360 пиксели, но и нуди еквивалент на екран од 4.1 инчи. Oва би требало да биде доволно за преглед на инструкции, навигација или приказ на текст и видео без опструкции на прегледот со остатокот на средината.

AR100 HMD има интегриран и touchpad, „GPS“, звучник, два микрофони, 5MP камери, акцелерометар и жироскоп. Mobile Mini PC пристигнува со 4GB дo 16GB RAM, 128GB дo 512GB SATA M.2 SSD простор за складирање и има 802.11 ac WiFi, сензор за отпечаток на прстот, слот за microSD картичка, приклучок за слушалки USB Type-C и Type-A влезови.

Toshiba dynaEdge AR паметните очила во продажба ќе се најдат во вториот квартал, по почетна цена од 1.900 долари.

Извор: Benchmark.rs

Извор:http://usb.mk/