Црвена Звезда на Антиќ со победа го потврди првото место во регуларниот дел на АБА

во категорија Спорт од

perovci-madrid

Црвена Звезда беше убедлива против Цибона, а Будуќност го совлада ФМП, со што овие две екипи со победа го завршија настапот во првата фаза на регионалната кошаркарска лига.

Перо Антиќ одмараше на средбата во Белград на која „црвено-белите“ ја декласираа Цибона со 106:79, а најефикасен беше Енис со 21 поен, односно седум уфрлени тројки од исто толку обиди.

Нешто подоцна, Будуќност триумфираше против ФМП со 87:64, со што дефинитивно го освои второто место во регуларниот дел и си обезбеди предност на домашен терен во пресрет на почетокот на плејофот.

Во полуфиналето, Црвена Звезда ќе игра против Морнар, додека противник на Будуќност ќе биде Цедевита. Македонскиот првак МЗТ Скопје имаше неславна сезона во АБА лигата, освојувајќи го последното место со само три победи.

Извор:https://derbi.mk/