Засилување за нашиот национален тим: Американката Бонер доби македонско државјанство

во категорија Спорт од

tenis boner

Американката Дјуана Тенис Бонер од денеска и официјално е државјанин на Република Македонија откако завршија сите процедури за добивање на државјанство.

Бонер во своето полно резиме има титули од WNBA и огромно искуство на европско тло играјќи во ФИБА Евролига, па ќе биде исклучително засилување во ноемврискиот прозорец кога нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција ќе ги одигра двата последни натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за Евробаскет 2019.

Таа е трета натурализирана кошаркарка која ќе го носи нашиот дрес, останатите две се Криси Гивенс и Ешли Парис.

Бонер воедно денеска ќе биде  гостин на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Шкупи во женската конкуренција до 18 години кој ќе се одигра во малата сала на „Кале“ со почеток во 18:00 часот.

Извор:https://derbi.mk/