Samsung го најави Galaxy X со екран што се витка

во категорија Технологија од

Откако Samsung ги претстави новите смартфони Galaxy S9 и Galaxy S9+ на Светскиот Конгрес за мобилни уреди во Барселона, директорот на компанијата најави дека нема да застанат тука.

Извршниот директор Dong Ji Cox на Конгресот MWC го спомна и новиот телефон што ќе се витка, кој медиумите го нарекоа Galaxy X.

Во Барселона почна да се шпекулира дека производството на овој телефон ќе почне во ноември годинава, а на пазарот ќе излезе во 2019 година. На саемот CES што се одржа минатиот месец во Лас Вегас Samsung на своите клучни партнери во индустријата им ја прикажа речиси финалната верзија на Galaxy X.

Првата верзија на смартфонот што ќе биде понудена најверојатно ќе може да се витка навнатре. Моделот со екран што се витка нанадвор ќе биде претставен подоцна.

Samsung Galaxy X, кој избрани луѓе имаа прилика да го видат во Лас Вегас има дисплеј од 7,3 инчи.

Кох рече дека е загрижен дека јавноста би можела да помисли дека телефонот со екран што се витка можеби е некаков маркетиншки трик на компанијата.

„Можете да бидете потполно уверени дека корисниците ќе добијат најдобро корисничко искуство кога ќе ја претставиме новата категорија производи“, рече Cox.

Тој не даде детали околу долго очекуваниот телефон, но вети дека ништо нема да се чува во тајност кога ќе дојде време за претставување на Galaxy X.

Извор: B92.net

Извор:http://usb.mk/