Емери демантира: Каква операција, тоа се измислици!

во категорија Спорт од

„Информациите за престојната операција на Нејмар не одговараат со вистината“, категоричен е тренерот на Пари Сент Жермен, Унаи Емери.

Порано денес бразилските медуми, како и водечките шпански и француски медиуми информираа дека поради фрактура на стапалото, Нејмар одлучил да оди на операција и сигурно ќе го пропушти дуелот со Реал Мадрид. (ОВДЕ).

Емери потврди дека Нејмар навистина има таква повреда, но категорично ги демантираше информациите за евентуална операција.

„Тие информации се чиста измислица. Денес зборував со лекарот и тој ми објасни колку е сериозна повредата. Решението ќе биде донесено врз основа на темпотото на заздравување“, објасни Емери.

„Ќе видиме како ќе се развиваат работите во следните денови, пред да донесеме конечна одлука. Самиот фудбалер ќе го има последниот збор. Засега сме спокојни и очекуваме да видиме како Неј ќе се рехабилитира. Доколку успее да се опорави за мечот со Реал ќе биде фантастично. Но доколку не успее, имаме и други одлични фудбалери“, додаде Емери.

Извор: https://sportski.mk/