(ВИДЕО) Се обештетуваат нови 1900 стечајци

во категорија Видео вести/Македонија од

Изгласани се дополнувањата на Законот за стечајци кој предвидува олеснување за добивање на надмест од околу 7.500 денари. Со измените, покрај постојаните 2732 стечајци, овие средства да ги добиваат нови 1900 стечајни работници.

„Воведуваме можност да се опфатат и лица чии што работен однос и по приватизација на претпријатието, но истото тоа претпријатие да ги има истиот матичен број како кога било во државна сопственост. Дополнително, работниот однос на лицето треба да е започнат во време, кога претпријатието било државно. Второто олеснување е за возрасната граница. Поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице, а тоа е најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи, со тоа што истата сега се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување“, вели министерката за труд и социјална политка Мила Царовска.

Законот предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, заклучно со 31 декември 2016 година.

Извор: http://makfax.com.mk/