(ВИДЕО) Јункер: Името договорете го заедно со Грција

во категорија Видео вести/Македонија од

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, за време на неговата прва посета на Скопје, по повеќе од една деценија изјави дека последниве години Македонија направила очигледен прогрес за спроведувањето на реформите и посветеноста во процесот на интеграцијата во ЕУ. Премиерот Заев пак, ги изрази очекувањата на Владата до јуни земјата да добие датум за почнување на преговорите за членство.

Не дојдовме за да ви соопштиме датум за почеток на преговорите, туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продложите по тој пат на реформи, за неколку месеци ќе и овозможите на ЕК да му препорача на Советот отворање на преговорите за приклучување во Унијата. Но, сè уште не сме до таму затоа што претстојат уште чекори што треба да се спроведат врз база на заслугите на секоја земја, а вашата земја има многу сопствени заслуги“, рече Јункер.

Јункер не сакаше да ги коментира преговорите меѓу Македонија и Грција за името, но додаде дека гледа промени. Премиерот Заев, пак, повтори дека за македонската страна, прифатливо е име со географска одредница, но за решение кое нема да допира во достоинството и идентитетот на македонскиот и грчкиот народ.

За името на земјата не би сакал ништо да кажувам зашто вам ви останува да го решите тој проблем со вашите грчки пријатели. Зборував и со грчкиот премиер Ципрас и му реков да продолжи по тој пат. Стигнувајќи на аеродромот веќе забележав дека нешто се сменило во однос на состојбата од претходно“, рече Јункер.

Со Јункер допатува и комесарот за проширување Јоханес Хан. Евроделегацијата се сретна и со шефот на дипломатијата Никола Димитров и со претседателот Иванов. Потоа Јункер замина за Албанија.

/Алсат-М/

Leave a Reply