Москва тврди дека Ал-Нурса и Белите шлемови подготвуваат напад со хемиско оружје во Сирија

во категорија Свет од

Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија денеска соопшти дека примил телефонски повик со предупредување дека терористичката група Џабхат ал-Нурса, заедно со организацијата Бели шлемови, подготвува  напад со хемиско оружје во Идлиб.

– Жител на Серакеба, населба во сириската провинција Идлиб, синоќа по телефон го предупреди рускиот Центар за помирување дека може да биде изведен напад со хемиско оружје, со цел да се обезбеди снимка на еден странски ТВ канал, се наведува во соопштението на Центарот.

Повикувачот во телефонскиот разговор рекол дека припадници на групата Џабхат ал-Нурса вчера со три автомобили во Серакеб донеле повеќе од 20 буриња со отровен гас хлорин и опрема за лична заштита.

– Повикувачот наведе дека припадници на организацијата Бели шлемови носеле опрема за лична заштита, додека вежбале пружање прва помош на цивили, на кои им се заканува труење со хемиска супстанца, наведува рускиот Центар.

Сето тоа покажува дека терористи од Џабхат ал- Нурса и членови на организацијата Бели шлемови подготвуваат хемиски напад со намера за него да ја обвинат сириската Влада, стои во соопштението на Центарот.

Центарот напоменува дека повикувачот тврдел оти сите тие постапки биле снимени од професионални репортери, кои користеле микрофони со ознака Си-Ен-ЕН, додека коментирале за акцијата на припадниците на Белите шлемови, повремено консултирајќи се со некои луѓе по телефон на англиски јазик.

– Информациите кои пристигнаа од провинцијата Идлиб, предизвикаа сериозна загриженост, заклучува рускиот Центар за помирување во Сирија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.