Во британскиот Парламент пронајден сомнителен пакет

во категорија Свет од

Лондонската полиција врши проверка на зградата на британскиот Парламент, соопшти Прес-службата на Долниот дом во Вестминстер.

Во соопштението не се посочуваат детали за причините за проверката и се додава дека за сите дополнителни информации за случајот објаснување ќе даде Метрополитен полицијата.

Британските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, наведуваат дека проверката се врши поради сомнителен пакет откриен во зградата на Парламентот.

И покрај полициската операција, реонот околу Парламентот во Лондон не е затворен за сообраќај и движење.

Leave a Reply