ЕК бара да не се блокира приемот на Хрватска во ОЕЦД

во категорија Регион од

Европската комисија ги повика Словенија и Унгарија да се откажат од блокарањето на приемот на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во одговор на еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром на прашањето на хрватскиот европратенил Тонино Пицула, се наведува дека Европската комисја смета оти Хрватска ги исполнува критериумите за отпочнување преговори за членство во ОЕЦД и затоа е неприфатливо блокирањето од страна на која било членка на ЕУ.

Малмстром нагласува и дека ЕУ уште во 2007 година оценила оти сите нејзини земји членки, кои аплицираат за прием во ОЕЦД ги исполнуваат условите за членство и автоматски треба да го почнат процесот на пристапување кон Организацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.