Штипјанец нападнат во кафеана

во категорија Македонија од

Штипјанец бил нападнат додека седел во угостителски објект во друштво на неговата сопруга, ноќеска во Штип, соопшти полицијата.


З.А. (30) појаснил дека околу 00,30 часот, од зад грб му пришол О.О. (32) од Штип, кој го удрил со тупаница во пределот на лицето, а потоа во пределот на телото. З.А. станал, но во истиот момент дошло обезбедувањето, по што ги раздвоиле и ги отстраниле од објектот.

Од нападот, З.А. се здобил со повреди и се упатил во Клиничка болница Штип на лекарски преглед, но додека бил на приемното одделение, пристигнал О.О. во друштво со лицето Д.К. (29) од Штип, и физички го нападнале. Од ударите З.А. паднал под масата за преглед, по што О.О. и Д.К. ја свртеле масата и со неа почнале да го удираат по телото. Според пријавеното, напаѓачите го удирале З.А. и со други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.