Трамп: Го реков тоа што многумина го мислат, а не смеат да го кажат

во категорија Свет од

 

Извор од Белата куќа тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата навредлива изјава за африканските и некои централноамерикански држави, оценил дека едноставно го рекол тоа што многумина го мислат, а не смеат да го кажат на глас.

Истиот извор изјавил дека ваквиот став Трамп го искажал на средба со најблиските соработници, на која се расправало за последиците од неговата изјава дека африкански земји, како и Хаити и Салвадор се „ср..е држави“ (Shithole countries).

Според изворот, Трамп рекол дека не жали за тоа што го кажал и ги обвинил медиумите дека ги извртуваат неговите зборови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.