Макрон побарал францускиот багет да влезе во листата на УНЕСКО

во категорија Свет од

Скромниот багет со златна крцкава кора е предмет на завист во целиот свет, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, повикувајќи ова јадење да биде вклучено во листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, пренесоа светските агенции.

Во декември, неаполитанската пица беше додадена во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Треба да го одржуваме совршенството на багетот и вештината да го подготвуваме и затоа тој треба да биде вклучен во списокот на светското културно наследство, рече вчера Макрон, цитиран од радио „Европа 1“.

Багетот е дел од секојдневниот живот во Франција и има посебна историја, додаде шефот на државата.

При аплицирањето за листата на УНЕСКО, Италија ја опиша неаполската пица како кулинарска вештина, пренесувана од генерација на генерација. Истакнато е мајсторството и културното значење на пицеријата. Според зборовите на Макрон по успехот на Италијанците, француските пекари се прашуваат зошто и нивниот багет да не биде признат.

И тие се во право, рече претседателот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.