Тачи ќе потроши 3 милиони долари за лобирање во САД

во категорија Регион од

Претседателот на Косово, Хашим Тачи ангажирал американска лоби конпанија која треба да му помогне во подобрувањето на односите со САД. Медиумите информираат дека компанијата е блиска до американскиот претседател Доналд Трамп, а косовската држава услугите на агенцијата ќе ја чинат 52 илјади долари месечно.

Договорот е потпишан на 22 декември 2017 година, денот кога Тачи се обиде да го укине Специјалниот суд. Компанијата идентични услуги им даваше и на двајцата добри пријатели на Тачи, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама, констатира приштинскиот весник „Експрес“.

Компанијата „Балард партнерс“ ја раководи лобистот Брајан Балард, а според медиумите тој треба да помогне во подобрување на имиџот на Тачи меѓу Американците.

Договорот важи до 21 декември 2019 година, а вкупниот износ на пари ќе биде исплатен на осум рати.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.