Мицкоски: Нема никакво влијание од Груевски, ниту списоци на неподобни за ИК

во категорија Македонија од

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски демантира дека постојат какви било црни листи на непосакувани и неподобни партиски членови во новиот Извршен Комитет и секакво влијание од почесниот претседател Никола Груевски. Тој ова го изјави вечерва во интервју за телевизијата Телма, веднаш по изборот на новото партиско раководство и  новиот состав на ИК.

Тој вели дека нема никакви влијанија кои го прават зависен од Никола Груевски и дека во партијата не може да станува збор за контрола на луѓе, затоа што сите личности се слободоумни луѓе кои одлучуваат за себе.

Запрашан за новиот генерален секретар, Игор Јанушев, човек кој се појавува во „бомбите“ и прима наредби од Миле Јанакиевски, Мицкоски го опиша како долгогодишен партиски член и негов близок соработник. Мицкоски додаде дека не слушнал ништо од содржината во бомбите и дека не сака да коментира нелегално стекнати материјали.

Јанушев е близок соработник на Христијан Мицкоски, и кога јас бев генерален секретар тој беше мој соработник, тој не е соработник на Миле Јанакиевски.

За отсуството или „чистката“ на старите функционери како Милошоски и Димовски, кои се противеа на одржување на Конгрес и беа дел од таква партиска иницијатива, Мицкоски кажа дека станува збор за нов состав на ИК, дека тоа е еден динамичен процес.

Ова е негова првична верзија, која ќе трпи додавања на нови личности. Овој состав е една добра почетна позиција која ќе се доградува до конечната физиономија.

Мицкоски демантираше дека постои анимозитет меѓу новото раководство и потписниците на иницијативата.

Ова не е казна, не постои такво нешто, туку е процес, каде кадрите се менуваат, некои ќе влегуваат, други ќе излегуваат.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.