Тајната за китењето на новогодишната елка

во категорија Занимливости од

За некои најрадосен празник, за некои причина за хистерија и паника, а за многумина навика која ја носат од детството. Порано елките се носеле од шумите, свежи исечени, некогаш се купувале на пазарите, а денес најчесто се одлучуваме за некој пластичен примерок купен од Кинезите.

Дали некогаш сте се прашале од каде стигнува овој обичај, дали има врска со нашиот фолклор и традиција, или сепак е нешто што доаѓа од Западниот свет? Дали сте се прашале, дали постои правило како се кити елка? Дали е сеедно за која боја ќе се одлучите? Дали тоа има врска со христијанството, или се работи за пагански обичај? Во текстот ќе ви ја откриеме тајната за потеклото на омилениот новогодишен обичај.

Преданието вели дека пред местото на раѓањето на Исус Христос растеле бор, елка и кедар. Во знак на радост што се родил Божјиот син, кедарот и борот му ги подариле своите плодови, а елката, бидејќи немала со што да го дарува Исус, се расплакала. Тоа го видел добриот ангел кој се сожалил над елката и и симнал ѕвезда од небото која ја ставил на нејзиниот врв. Верувањето вели дека секое новогодишно дрвце треба да има украс на врвот, кој симболизира подарок за Исус Христос.

Елката секогаш имала посебна улога во христијанската историја. Така според црковните записи, свети Бонифације проповедајќи го христијанството користел семе од северна бела елска. Семето кое има форма на триаголник послужило за неговата приказна за Светото Тројство, а поединци и денес веруваат дека овој вид на елка е најприкладна за оваа намена.

Во 16 век традицијата за китење на елка се ширела на територијата на Германија. На јавни места биле поставувани елки кои децата ги украсувале со јаболки, бомбони, ораси и цветови од хартија. Сепак, многумина веруваат дека првото божикно дрвце доаѓа од Латвија, а за тоа постои и доказ – натпис на осум јазици кој гласи: Првата новогодошна елка во Рига, 1590 година, изрезбан на еден од плоштадите на оваа балтичка земја.

Во 17 век се шири обичај за китење на елка внатре во домовите, но многумина овој обичај го поврзувале со протестантската вера. Во 19 век овој обичај почнал да се шири меѓу благородништвото, па принцезата Хенриета го донела во Виена. Војвотката од Орлеан е заслужна што китењето на елка станал обичај прифатен во Франција, а откако се појавиле цртежи со слика на британската кралица, нејзиното семејство и новогодишна елка, овој обичај станува составен дел на масовна употреба. Потоа, традицијата за китење на елка доаѓа дури до Америка и тогаш повеќе немало сомневање, украсувањето на елкта станало дел од популарната култура.

Благодарение на влијанието на германската култура, овој обичај стигнал и во нашите краишта. Нашиот фолклор додал некои карактеристики во китењето на елката, како што се украси од суви сливи, восок, ореви и шеќерни јаболки. Денес новогодишната елка е најубав и највесел дел од семејната традиција. И навистина, има ли нешто поубаво од накитено дрвце, многу подароци во кругот на семејството?

Leave a Reply