Новогодишна шопинг треска – се купува како да нема утре

во категорија Занимливости од

Остануваат само уште пет дена од 2017-та, шопинг треската добива на интензитет. Имале немале Македонците очигледно не штедат за празниците. Во трговските центри и супер маркетите е вистински хаос  – паричниците се празнат, кесите се полнат. Се купува како да нема утре.

Украси за сечиј џеб – од 30 до над 3.000 денари

Елката е долгорочна инвестиција – цените се различни и за секој вкус и за секој џеб – од 500 денари, па и над 5.000 за побујните и поквалитетните. Природни елки, пак, можат да се најдат од 1.500 денари, па нагоре.

Но, новогодишната елка не оди без лампиони. Пластичните се продаваат во сет од по десетици и чинат до 300 денари, стаклените пак се продаваат поединечно по цена од 60 денари па нагоре.

„Најпродавани се пластичните, секако зашто се и најевтини. Оние кои се изработени од стакло или од кристал одат многу помалку. Ние имаме и уникатни парчиња кои се рачно изработени и кои чинат од 300 до 600 денари, но тие повеќе се украс за самата продавница отколку што навистина се продаваат“ вели вработена во продавница за подароци која што за празниците е целосно уредена во новогодишно – божикно руво.

Светилките се поевтини од порано, обичните може да се најдат и за 100 денари, но има и ЛЕД или во форма на декорации кои достигнуваат суми од 600 до 700 денари.

Подароци за сечиј вкус – најбарани парфемите и козметиката

Кога се подароците во прашање, најмногу се бараат парфеми и сетови од козметички производи.

Парфимериите токму во овој период нудат голем дел од својот асортиман на попуст по и до половина намалени цени.

Традиционалното на најмалите освен играчки и други изненадувања им се даруваат и новогодишни пакетчиња. Тие чинат од 150 па до 1.500 денари во зависност од големината, количината на слатки и секако производителот.

Кога се ќе се собере се доаѓа до милионски суми

Подароци, украси, облека, храна и пијалак. Ова се основните работи на кои се трошат и најмногу пари. Кога на ова ќе се додадат парите кои се трошат за самиот дочек се доаѓа до фантастични суми.

До прецизна сума не може да се дојде бидејќи нема прецизни статистички податоци, но повеќе показатели упатуваат дека вкупните трошоци надминуваат и 60 милиони евра. Ако секое семејство во просек одвојува по стотина евра, а во земјава има над 500 илјади домаќинства се стигнува до оваа солидна сума.

Дополнително, секоја година во декември се повлекуваат по околу 30 милиони евра повеќе преку платежните картички од просекот во останатите месеци, а во продавниците околу половина од прометот е на картичка, а половина во кеш.

Leave a Reply