Водата и овој минерал се најважни за празниците

во категорија Здравство од

Сите знаеме колку е важна водата и дека животот без неа не е возможен, а дневно според нутриционистите треба да се внесуваат околу 2 литри вода.

Така ќе имаме доволно енергија и сила, а ќе правиме и детоксикација на телото.

Со оглед на тоа дека за празниците често се јаде помасна храна, потребно е да пиете многу вода, за да направите баланс на телото.

Исто така, за овој период е важен и магнезиумот, кој дава енергија, го намалува нивото на холестерол на телото, го поттикнува метаболизмот и помага да се развие хормонот на среќа или серотонин.

Затоа за време на претстојните празници редовно консумирајте ја препорачаната дневна количина вода и магнезиум и бидете здрави и енергични.

Leave a Reply