Како ќе звучат идните електромобили од Nissan

во категорија Перпетум од

Освен неколкуте концептни верзии кои Nissan ги демонстрира за прв пат во светот за време на меѓународниот саем во Токио, компанијата објави и уште една интересна новина

Освен неколкуте концептни верзии кои Nissan ги демонстрира за прв пат во светот за време на меѓународниот саем во Токио, компанијата објави и уште една интересна новина, која можеме да очекуваме кај секој еден од идните електрични модели на брендот.

Nissan

Станува збор за технологија Canto. Всушност тоа е подесен звукот што ќе го нудат идните електрични модели при возење со брзина до 30 km/h или согласно локалните прописи. Создаден е со посебен акцент, со цел зголемување на безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а особено пешаците. Звукот Canto ќе се менува динамично во зависност од тоа дали електричните возила забрзуваат, ја намалуваат брзината или се движат наназад.

Leave a Reply