Ѓорчев ќе ги координира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се повлекува

во категорија Македонија од

Владимир Ѓорчев ќе ја координира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Илија Димовски, кој се повлекува од тоа место на свое барање, дознаваме неофицијално од партиски извори. 

Според нашите извори, сѐ уште се размислува околу опциите колку пратенички да има ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, дали една или десет колку што се сега, но засега нема одлука. Но, она што е сигурно е дека сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ остануваат во Парламентот.

 

Потврда за информациите не добивме ниту од Димовски кој остана недостапен, ниту од Ѓорчев. Ваквиот развој на настаните во пратеничката група на најголемата опозициска партија уследи по барањето на дел од пратениците за демократизирање на партијата и по јавно кажаните забелешки пред конгресот во Валандово.

Инаку, Димовски беше еден од потписниците на отвореното писмо на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа одлагање на конгресот.

Leave a Reply