ДИВ ТАРТУФ НИКНА НА ЗГРАДА ВО ПАРИЗ

во категорија Занимливости од

Див тартуф кој може да се јаде никна на покривот на една зграда во Париз, во близина на Ајфеловата кула, пренесе Le Parisien.

„Ова е прв пат ваква печурка да се најде во заграден простор“, соопшти Природонаучниот музеј и додаде дека тартуфот е тежок 21 грам.

Печурката е пронајдена во стакларник на покривот од една зграда, каде работниците дошле да посадат цвеќе, а тартуфот бил на длабочина од 15 до 20 см во земјата покрај корен на едно растение.

Научниците наведуваат дека тој вид тартуфи најчесто растат во сува земја на југот на Франција.

Печурката е предадена на музејот за понатамошни истражувања и така скапата намирница нема да се најде на божиќната трпеза, се пошегуваа научниците.

Тартуфите се многу барани како деликатес на божиќната трпеза на богатите поради специфичниот вкус и арома.

Leave a Reply