McLAREN SENNA :: ГО ПРЕДИЗВИКА НЕВОЗМОЖНОТО

во категорија Перпетум од

Го предизвика невозможното

Уште не му се исуши бојата, а веќе се распродаде – пламнаа сите 500 примероци од новиот суперболид наречен во чест на бразилскиот ас McLaren Senna. Секој од нив за 750 илјади фунти, а последниот за цели 2 милиони.

Како што ветија Британците, парите од него, плус уште и дел од она што го собраа од останатите, ќе биде донирано на Сена фондацијата која раководена од сестрата на Аиртон се грижи за децата во сиромашните земји.

Сега, откако се продаде и последниот, дознаваме дека претходните 499 биле продадени уште пред тој да биде покажан, онака на слепо – останал само примерокот со број на шасија 193. Секако, тоа не значи и дека сите се направени – McLaren Senna на обичните смртници ќе им биде претставен на салонот во Женева, после што ќе започне неговото производство.

Leave a Reply