Тереза Меј претрпе пораз во британскиот Парламент

во категорија Свет од

Долниот дом на британскиот Парламент вечерва усвои резолуција, со која се бара ова законодавно тело да го одобри идниот договорот меѓу Велика Британија и ЕУ за Брегзит пред тој да стапи во сила и покрај противењето на премиерката Тереза Меј.

Резолуцијата беше усвоена со 309 гласа „за“ и 305 „против“, откако дел од пратениците на владејачката Конзервативна партија го поддржаа документот предложен од опозицијата.

Меј денеска во обраќањето пред пратениците оцени дека документот може да доведе до хаотично излегување на Велика Британија од Унијата.

Ваквиот исход беше и очекуван имајќи предвид дека конзервативците на Меј немаат мнозинство во Долниот дом, а нивната Влада опстојува благодарение на поддршката на североирската Демократска униониситчка партија (ДУП).

Претходно денеска, како што јави МИА, британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис испрати писмо до конзервативните претеници во кое им вети дека Владата нема да се согласи на договор со ЕУ без одобрение од Парламентот, апелирајќи до нив да не ја поддржат предложената резолуција.

Leave a Reply