Србов:Во планот на СДСМ стои уапси го ВМРО, урни го ВМРО и така ќе ја урнеш Македонија

во категорија Македонија од

Опозициската ВМРО ДПМНЕ и денеска одржа протест пред Министерството за правда, поради притворените за случувањата на 27 април во Собранието.


На протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда се обрати Никола Србов. Тој кажа дека оваа власт владее на начинот на кој што се владеело во најцрните денови од комунистичкиот режим.

Денеска имаме власт која си го апси сопствениот народ, која врши притисок врз сопствениот народ. Имаме власт која врши притисок врз медиумите во Република Македонија, се заплашува секој еден кој сака да каже нешто кое не е во согласност со размислувањата на СДСМ. Сакаат да се уапси се она што е ВМРО-ДПМНЕ, се она што се бори за Македонија, изјави Србов.

Според него, во планот на СДСМ стои уапси го ВМРО, урни го ВМРО и така ќе можеш да ја урнеш Македонија. И дека целта им е тие да бидат замолкнати и скршени додека Заев распродава се што е македонското.

Тој најави дека протестите продолжуваат.

 

 

 

 

Leave a Reply