Такси возилата во Лондон веќе се електрични

во категорија Перпетум од

Од неодамна низ британската метропола почнаа да се сообраќаат првите возила од електричната верзија на класичните лондонски такси

Станува збор за моделот TX5, во кои можат да се сместат до 6 лица, а автономијата со едно полнење е 640 километри.

Патниците имаат пристап до Wi-Fi и USB полнење на мобилни телефони, а автомобилите се и со мотор за продолжување на километражата, па да нема непријатни изненадувања, ако батеријата се потроши во погрешно време. Другата добра вест е дека тарифата на електричните такси е иста како кај дизел претходниците.

Автомобилите доаѓаат од London Electric Vehicle Company, која е огранок на кинескиот производител на автомобили Geely, а конструкторите велат дека тие само личат на класичните возила. Електрични се со целосно алуминиумска каросерија, електромотор и низа напредни технолошки решенија. И тие не го загадуваат воздухот во Лондон. Во улогата на продолжувач на автономијата влегува 1.5- литарски бензински мотор, кој е дело на Volvo, уште една компанија, сопственост на Geely.

Бензинскиот мотор не ги управува тркалата, туку се користи како генератот да ја полни батеријата и така се продолжува автономијата на таксито. Новите електрични такси чинат 55.000 фунти, а од компанијата проценуваат дека само од гориво такси возачите ќе штедат по 100 фунти неделно. До 2021 година во употреба треба да влезат над 9.000 електрични такси, што е половина од вкупните такси автомобили во Лондон.

 

Leave a Reply