VW Polo GTI R5 Rally од 0 до 100 km/h за 4,1 секунди!

во категорија Перпетум од

Во Шпанија се одржа официјалната премиера на рели автомобилот Polo GTI R5 кој е конструиран да се натпреварува во класата R5 покрај ривали како што се Citroen DS3 R5, Ford Fiesta R5 и Škoda Fabia R5.

Како дел од трансформацијата од автомобил за регуларни патишта до рели автомобил, Polo добило нова агресивна каросерија која има спортски преден браник, пошироки прагови и огромен заден спојлер. Исто така, овој модел е опремен со лесни алуминиумски тркала, anti-roll кафез и цела низа на безбедносни уреди.

Новото Polo моќноста ја добива од 1.6-литарски 4-цилиндерски мотор кој произведува 272 КС и 400 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на сите тркала преку секвенцијален менувач со пет брзини. Според тоа, благодарение на горенаведеното, но и тежината од само 1.320 килограми, перформансите на овој автомобил се такви да тој забрзува од 0-100 km/h за само 4.1 секунди.

Новото Polo GTI R5 ќе почне да се произведува следното лето. Ако се оди според планот, Polo GTI R5 своето деби на тркачките патеки ќе го има следната есен.

Leave a Reply