(ВИДЕО) Османи – Да не прејудицираме кон конечни решенија за спорот со името

во категорија Видео вести/Македонија од

Солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис во интервју за австрискиот весник “Курир” вели дека премиерот Зоран Заев се согласил на ново име за државата.

Република Нова Македонија или Северна Македонија е прифатлив компромис за името, пренесува весникот.

Елена Бошковска Крстевска

Во врска со ова, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи пак посочи да не се прејудицира кон конечни решенија.

-Ние сме отворени да седнеме и да бараме решение. Очекуваме да видиме кој ќе биде предлогот на медијаторот Нимиц и согласно предлогот ќе се вратиме и ќе разговараме за да постигнеме национален консензус меѓутоа апсолутно сметаме дека треба да се најде конечно решение бидејќи ова се историски моменти кои ги имаме пред нас за да ја обезбедиме иднината на државата и на генерациите кои доаѓаат, вели Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Османи одговарајќи на новинарски прашања зборуваше и за предвидените планови за усвојување на неколку законски решенија, како и за предлог – законот за јазици, кој според Османи, нема да се пролонгира неговото донесување.

-Ние имаме предвидено до крајот на годината да се усвојат неколку законски решенија. Прво да се усвои во влада стратегијата за правосудство, тоа е предвидено во декември, исто во влада, да се усвои пакетот на закони за реформа на безбедносните служби, тоа е предвидено накај 18 декември, и во Собрание да се усвојат овие 3 закони и од јануари очекуваме да почне позитивниот извештај за Македонија. Законот за јазици исто така е во парламентарна процедура и тоа си тече согласно процедурата, нема да има потреба од никакво одложување, вели Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Меѓу другото, вицепремиерот за европски прашања одржа и трибина за содржината, имплементацијата и значењето на Планот 3-6-9. Заклучокот беше дека принципот на инклузивност и транспарентност беа едни од основните начела при подготвување, имплементација и мониторирање на планот 3-6-9 во кој важна улога има и невладиниот сектор. Според Османи, невладиниот сектор му дава и супстанца и финеса на планот 369 и смета дека само заеднички ќе може да се направи добар план на реформи кои ќе бидат прифатливи за сите и кој ќе ги даде вистинските решенија.

На трибината се разговараше за конкретните предлози, а беа објаснети и чекорите кои што се важни за наредните 6 месеци. Според Османи, наредните 6 недели ќе ја одредат судбината на наредните 6 месеци, а тие пак подолгорочната перспектива на државата во облик на евроинтеграциите.

 

Leave a Reply