Топ 5 фитнес вежби во сала

во категорија Судство од

Влегувате во фитнес сала и погледнувате наоколу. Многу фитнес уреди, но не знаете од каде да почнете. Ќе ви олесниме со листа од топ 5 фитнес вежби за во сала.

Овие 5 фитнес вежби се задолжителни за спроведување во фитнес салата. Тие се азбуката на женскиот фитнес.

Фитнес вежба 1 – Кардио на патека за трчање и точак

Идеалната тренинг програма започнува со 15-20 минути вртење на точак за да се подготви организмот за работа. Вежбањето завршува со 30 минути трчање на трака во аеробен режим т.е брзина не поголема од 7,5 км / ч.

Фитнес вежба 2 – За мускулите на грбот

Широкиот грб стои многу секси на кревкото женско тело. Но не треба да ставате многу, за да не загубите од женственоста. Во оваа положба раширете ги рацете колку ширината на грбот. Работете ја со полесни тежини    10-15 кг. Се прават 15-20 повторувања во 3 серии.

Фитнес вежба 3 – за градната мускулатура

Стегнати  биста (женски гради) – сон на секоја жена. Но гените, воздраста и кожата си го  кажуваат своето  – водат кон висење на градите. Затоа тренирајте ја редовно градната мускулатура. За ништо на светот не ја пропуштајте оваа вежба за страничните градни мускули. Работете ја со поселни тежини 5-10 кг. Се прават 15-20 повторувања во 3 серии.

Фитнес вежба 4 – за градната мускулатура

Уште една вењба за стегање на градните мускули. Работете на клупа со тегови од 2-3 килограми, истовремено со двете раце. Рацете се креваат нагоре и се враќаат во првобитната позиција. Се прават од 10 до 15 повторувања во 3 серии.

Фитнес вежба 5 – за задниот дел на нозете и задникот

Класична вежба што ги обликува мускулите на задниот ден на нозете и задникот. Нема жена која не бара стегање на овие делови од телото. Се прават 15-20 повторувања во 3 серии.

Се разбира ова се многу минимален дел од фитнес вежбите кои треба да ги вклучите во тренинг програмата. Но важно е да не ги пропуштате, бидејќи се универзални и дејствуваат на секаква структура на тело. /Гладијатори/

Leave a Reply