Женските фитнес грешки

во категорија Судство од

Кои фитнес грешки најчесто ги прават жените кога вежбаат? Тренинг по иста програма подолг период, вежби на празен стомак, јадење “junk food”, избегнување на потешки вежби…. и уште, и уште.

Кои се основните фитнес грешки кои ги прават жените во фитнес и како да ги избегнуваме ?

Претренирање

Предозирањето е секогаш штетно, независно во што. Да тренираш напорно е пофалба, да се претренираш – може да биде фатално. Хормонот кортизол кој се зголемува со претренирвање го блокира согорувањето на мастите, ја запира синтезата на протеинот и го намалува нивото на тестостерон во телото. Како да го избегнеме претренирањето?

Вежби на празен стомак

Вежбите на празен стомак ја намалуваат брзината со која работат мускулите. Намаленото ниво на шеќер во крвта како резултат на гладувањето го отежнува мозокот и го прави вежбањето потешко. Диетата е неизбежен дел од одржувањето на добра форма, но гладувањето го истрошува организмор и не не води до успешни резултати.

Трчање на долги растојанија

Долгите растојанија ја зголемуваат издржливоста, но може да имаат и контра ефект.  Интервалните тренинзи со кратки спринтовии активно обновување го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат притисокот врз зглобовите.

Исклучување на јагленитехидрати

Сите знаеме дека протеините се основни за градење на мускулатурата, но јагленитехидрати се исто така важни. Тие помагаат за обновување на гликогенот и даваат енергија за редовни тренинзи.  Постојани резултати нез јагленитехидрати не се можни само привремено слабеење.

Повеќе повторувања со полесни тегови

Тврдењето дека тренинзите со полесни тежини и повеќе повторувања го тонизират телото, а тренинзите со големи тежини и помалку повторувања водат кон трупање на мускулна маса е повеќе измама. Едноставниот начин за тонизирање на телото е губење на масти, а зголемување на голема тежина при што градите мускулна маса и го забрзувате согорувањето на масти.

Стекнување на рутина

Тренирање по иста шема долго време дава резултати до еден момент, по што телото се навикнува и “ заспива“. Затоа задолжително внесете промени во фитнес режимот, за да не стекнете рутина.

Јадење на “junk foods”

Мислите дека неколку часа во фитнес ви даваат да јадете што сакате и се разбира, “junk foods” секогаш до рака. Само што тие се полни со шеќер и сол и ќе пропаднат сите ваши напори во фитнесот , исто така ќе ви помогнат да складирате доволна количина на масти.

Избегнување на остри вежби

Многу жени го нагласуваат кардиото за да согоруваат масти и избегнуваат тренинзи со тежини за да не натрупаат мускулна маса. Голема грешка! Тренинзите со тежини исто согоруваат масти и калории и “градат“, а не “трупаат“ мускулатура.

Робинка на бројките

Да го гледаш постојано екранот колку калории си согорил на патеката или на вагата колку килограми сте, е манија која не дава којзнае каква реална претстава за постигнатите резултати. Согорените калории зависат од срцевата фрекфенција, телесните масти и нивото на физичка активност, па немојте да се препуштате на бројките. /Гладијатор/

Leave a Reply