(ВИДЕО) Де Роси: Зар јас да влезам во игра?

во категорија Видео вести/Спорт од

Италија не успеа да ја победи Шведска (0:0) и остана без пласман на Светското првенство 2018, а како се ближеше крајот на синоќешниот реванш од баражот со Шведска, тензиите растеа и на теренот и на клупата за резерви.

Во еден момент Даниеле Де Роси беше повикан на загревање, а тој зачудено запраша: „Зар јас да влегувам? Ни треба победа“, и покажа кон Инсиње кој беше „заборавен“ од селекторот Вентура.
Де Роси, заедно со Буфон, Кјелини и Барзаљи објавија крај на репрезентативната кариера по несупехот со Шведска./МИА

Leave a Reply