(ВИДЕО) Почист и поздрав воздух за дишење за децата од градинката „13 Ноември“ во општина Центар

во категорија Видео вести/Здравство/Македонија од

Почист и поздрав воздух за дишење за децата од градинката „13 Ноември“ во општина Центар спроти основното училиште „Песталоци“. Општина Центар во соработка со „Ротари клуб – Камен Мост“, донираа 12 апарати за прочистување на воздухот.

„Денеска правиме еден убав гест, заедно во соработка со „Ротари клуб, односно кога главна тема е загадувањето и причините кои доведуваат до тоа енормно загадување… Денеска доделуваме одредена донација која благодарение и на „Ротари клубот“, на советниците коишто дадоа согласност за тоа, ја доделуваме токму во градинката којашто го носи името „13 Ноември““, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Богдановиќ најави дека оваа пракса ќе се применува во сите градинки и училишта, со цел да им се обезбеди поздрав и поквалитетен живот на децата од претшколска и школска возраст.

Според претседателот на „Ротари клубот“, Иван Новаковски, овие апарати не го решаваат проблемот со загадувањето на воздухот, но времено барем ќе ги забават последиците од истото.

„Имаме за цел да помогнеме таму каде што помошта е најпотребна. Нашиот клуб низ годините е фокусиран најмногу на образованието и мислејќи за тоа кој е реално најгорливиот проблем во моментот и реално каде би можеле да помогнеме, се решивме нашата енергија да ја насочиме кон помош на тие кои се најранлива категорија, т.е. на дечињата, чиишто респираторни органи се развиваат во овој временски период, а притоа свесни за фактот дека Градот Скопје спаѓа во едни од трите најзагадени градови во Европа, според последните статистики на Светската здравствена организација“, изјави Новаковски.

Тој појасни дека уредите помагаат во прочистувањето на ПМ 2,5 честичките кои кај нас, во Скопје, се дел од најштетните честички во воздухот кои навлегуваат длабоко во дишните патишта и понатаму можат да предизвикаат астматични и белодробни заболувања.

Намерата на „Ротари клубот“ е вакви апарати за прочистување на воздухот да се набават и во останатите градинки на ниво на град Скопје. Тој ги повика општините и стопанствениците во Македонија да се обединат за со заеднички сили да придонесат за поздрав живот за сите граѓани, воедно апелирајќи до институциите да најдат трајно решение за загаденоста на воздухот во земјава, по што би немало потреба од поставување на вакви апарати.

На денот на патронатот на градинката и воедно по повод Денот на ослободувањето на градот Скопје, во градинката „13 Ноември“ кај О.У. „Песталоци“ се одржа приредба на која учествуваа дечиња од сите клонови на оваа градинка, придружувани од нивните најблиски. Пред почетокот на манифестацијата, директорката на градинката, Лидија Пецева, им се обрати на присутните и им се заблагодари за донацијата на Богдановиќ и на Новаковски.

Инаку, сите четири клонови на градинката „13 Ноември“ во периодот 2015 -2016 година, по цели 65 години од нивната изградба, конечно дочекаа да бидат од корен реновирани со средства од Општина Центар.

Емилија Јанакиева

Почист и поздрав воздух за дишење за децата од градинката „13…

https://post.mk/2017/11/13/видео-почист-и-поздрав-воздух-за-дишењ/Почист и поздрав воздух за дишење за децата од градинката „13 Ноември“ во општина Центар спроти основното училиште „Песталоци“. Општина Центар во соработка со „Ротари клуб – Камен Мост“, донираа 12 апарати за прочистување на воздухот.

Geplaatst door Post.mk op maandag 13 november 2017

 

 

Leave a Reply