(ВИДЕО) Македонија и Црна Гора имаат одлични билатерални односи

во категорија Видео вести/Македонија од

Одличните билатерални односи немаат лимит. И Македонија и Црна Гора споделуваат исти вредности, имаат иста визија и за себе и за регион.

Ова е само една од пораките кои ги испратија шефовите на македонската и црногорската дипломатиja, по средбата во македонското МНР. Според нив, двете земји имаат иста определба за заедничка европска и евроатланска иднина.

-Му честитав на Срѓан што Црна Гора стана 29-та членка на НАТО, се надеваме и ќе правиме се што можеме Македонија да биде 30-тата земја членка на НАТО. Како што наложува стариот наш обичај, добри пријатели на подадена рака, возвраќаат рака. Во името на нашите заеднички ЕУ пефспективи како и за перспективите на другите земји од регионот, вели Никола Димитров, министер за надворешни работи на Р.М.

Во оваа насока, Димитров посочи дека Македонија ќе направи се што може за да го фати возот и заедно со Црна Гора и Србија да стане членка на ЕУ и преку надминувањето на заостанувањето во однос на реформите да ја убеди Европската комисија во тоа.

За Дармановиќ односите меѓу двете земји се содржајни, квалитетни, неоптоварени со отворени прашања, пример за одлична билатерална соработка во регионот. Во однос на евроинтеграциите пак, тој посочи дека Црна Гора се залага сите земји да одат побрзо кон ЕУ и НАТО интеграциите и секоја да биде оценувана според своите постигнувања.

-Црна Гора се залага за принципот на регата, односно секоја земја да биде оценувана според постигнувањата. Тој принцип е одличен за секоја земја – кандидат, за секоја земја која има европски амбиции и со самото тоа тој принцип може да биде многу корисен и за Македонија. Реформите се одвиваат добро и зошто Македонија да не влезе во кругот на овие земји кои ги спомнавте. Изјавата на претседателот Јункер е охрабрување и сигурно е дека ЕУ нема да остане на 28 земји членки. Сметаме дека во тој процес секоја земја треба да ги добие резултатите што ги заслужува и да стане членка на Унијата кога за тоа ќе биде подготвена, вели Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи на Црна Гора.

Меѓу другото, Димитров појасни дека пополнување на дипломатската мрежа е приоритет на МНР, при тоа ќе се оди на зголемување на процентот на дипломати.
Димитров зборуваше и за тоа дека Македонија е подготвена да разгледа предлог за формирање комитет за ревизија на учебниците по историја меѓу Македонија и Грција, доколку е на паритетна основа.

Leave a Reply