(ВИДЕО) Фекир не жали за постапката со која предизвика прекин на дуелот со Сент Етиен

во категорија Видео вести/Спорт од

Фудбалерот на Олимпик Лион, Набил Фекир, изјави дека не жали за својата постапка на натпреварот со Сент Етјен, која испровоцира инвазија на навивачи на теренот и прекин на средбата кој траеше 40 минути.

Фекир во 84. минута го постигна петтиот гол за својот тим, а потоа го соблече дресот и го покажа демонстративно пред трибината со приврзаниците на домаќините.
Овој гест доби популарност откако беше направен од ѕвездата на Барселона, Лионел Меси кон фановите на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

„Да, мојот гест можеби не им се допадна, но јас само прославував гол и не мислев ништо лошо. Можеби не морав да го сторам тоа со овој резултат, но тоа е фудбал. Воопшто не ми е жал за постапката“, изјави Фекир за „Л’Екип“./МИА

Leave a Reply