(ВИДЕО) Шест гола во спектакуларното реми на Маракана

во категорија Видео вести/Спорт од

Градските ривали од Рио, Фламенго и Флуминензе, одиграа 3:3 ноќеска на „Маракана“ во реваншот на четвртфиналето од Копа Судамерикана. Овој резултат му одговараше на Фламенго кој се пласира во полуфиналето, благодарение на победата во првиот дуел од 1:0.

Флуминезе беше пред пласман меѓу четирите најдобри кога во 55.минута поведе со 3:1. Сепак до крајот домаќинот постигна два гола и стигна до посакуваното реми.

Претходно пласман во полуфиналето обезбеди екипата на Либертад од Парагвај./МИА

Leave a Reply