Израел бара Палестинскиот договор да е според условите на Блискоисточниот квартет

во категорија Свет од

Мировниот договор за Палестина, каков и да е, мора да се придржува кон меѓународните договори и условите утврдени од Блискоисточниот квартет, вклучувајќи го и признавањето на Израел и откажување на Хамас од оружје, изјави официјален претставник на израелската Влада.

– Израел ќе ја испита ситуацијата на терен и ќе делува според тоа, изјави владиниот претставник.

Блискоисточниот квартет го сочинуваат медијаторите по блискоисточни прашања, Русија, САД, ОН и ЕУ.
Палестинските ривалски движења Фатах и Хамас, според тамошните медиуми, денеска потпишаа договор за помирување во присуство на египетски разузнавачки лица, по преговорите во Каиро. /МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published.